Меѓународниот ден на жената секоја година се одбележува со „поплава“ од цвеќиња и слатки по улиците, но и продавниците. Многумина сметаат дека овој празник е застарен, а подарокот за 8 март го доживуваат како начин да го одвлечат вниманието од важните проблеми со кои жените секојдневно се соочуваат.
Сепак, ниту една дама не останува рамнодушна на подарокот со кој ја покажуваме нејзината љубов и почит.
Многу жени, исто како и мажите, сакаат практични работи кои ќе им го олеснат секојдневието. Меѓутоа, кога станува збор за подарокот за 8 март, заборавете на домашните апарати, тенџерињата и тавите.
За 8 март подарете нешто лично на жената што ја сакате и почитувате, што ќе ја направи посреќна, позадоволна, поубава и посигурна.
Цвеќиња
Квалитетни бонбони
Ликер и вино
Парфем
Часовник
Облека
Миризливи свеќи