Ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште

Во СВР Велес денеска во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ Васко Трајковски пријавил дека ученик истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор.

– Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено, информира портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, најави Ѓаковска.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.