Фантастик торта со цреши

ЗА ПАНДИШПАН
4 јајца
240 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
150 мл млеко
50 мл масло
250 г брашно
1 прашок за печиво
2 лажици какао
ЗА ФИЛ
1 л млеко
14 лажици шеќер
4 пудинга од ванила
4 лажици брашно
300 г путер
6 лажици шеќер во прав
700 г цреши
ЗА ДЕКОРАЦИЈА
200 г чоколадни трошки
парче зелен фондан
100 г цреши
1. Млекото го ставаме да зоврие, а за тоа време во еден сад ги мешаме пудинзите, брашното и шеќерот. Кога млекото почнува да врие ја истураме смесата и мешаме додека да се згусне. Го оставаме да се олади. Путерот заедно со шеќерот во прав пенасто го матиме, па го соединуваме со изладениот пудинг.
2. За пандишпанот пенесто ги матиме јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Ги додаваме брашното, какаото и прашокот за печиво, претходно измешани со млекото и маслото. Во калап бр.26 обложено со хартија ја нанесуваме смесата. Печеме 20 минути на 200 степени и оставаме пандишпанот да се излади.
3. На црешите им ги вадиме семките.
4. Пандишпанот го сечеме на половина. Првата кора пандишпан ја премачкуваме со фил, ставаме половина од црешите, повторно ставаме фил и пак цреши. Поклопуваме со втората кора од пандишпанот и ја премачкуваме целата торта со фил. Наросуваме чоколадни трошки и ја украсуваме со фондан и цреши.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.