Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер призна дека едвај може да ги следи натпреварите во текот на сезоната поради неговиот напорен распоред
Федерер треба да има малку повеќе слободно време сега кога е во пензија, но поголемиот дел од тоа време го земаат неговите деца и сите други работи што се случуваат во неговиот живот.
- Таравари ја претстави точката 5 од Националната платформа
- Австралија ќе ја признае Палестинската држва во септември
- По земјотресот во Турција, некои згради се оставени во урнатини: Снимките покажуваат застрашувачки моменти (видео)
- Пукање во Тетово: Еве каква е здравствената состојба на повредените лица
- КАФАНСКА СУПА ОД ДОМАТИ: Трик од познат готвач што ќе ја направи совршена
Поради тие приватни обврски, тој не стигна ни да го гледа спектакуларното финале на Вимблдон што годинава го играа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Тешко ми е да гледам натпревари, едноставно затоа што немам време, да бидам искрен. Со децата и сè што се случува во мојот живот, тешко е да се каже: „Во ред, денес ќе го гледам овој натпревар“. Како и финалето на Вимблдон, тој ден буквално видов само два натпревари бидејќи трчавме со децата и правевме работи“, рече Роџер, додавајќи:
– Тогаш во еден момент брзо се префрлив, малку „ѕирна“ и реков: „Па, видов малку од финалето на Вимблдон“. Секако дека бев љубопитен, ги гледав резултатите од време на време, но тешко ми е да седам и да гледам. Бев среќен што натпреварот беше толку добар и сакам кога од играта излегуваат одлични приказни.
Пронајдете не на следниве мрежи: