Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер призна дека едвај може да ги следи натпреварите во текот на сезоната поради неговиот напорен распоред
Федерер треба да има малку повеќе слободно време сега кога е во пензија, но поголемиот дел од тоа време го земаат неговите деца и сите други работи што се случуваат во неговиот живот.
- Германските аеродроми предупредуваат: Поради цената на керозинот ќе има поскапи билети и откажани летови
- ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект
- Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по тешкиот пораз на локалните избори: „Ако нема друг кандидат за лидер на партијата, ќе го предложам моето име“
- Повредениот Хамнеи е надвор од јавноста, но влијае на воената стратегија, проценуваат американските разузнавачки служби
- Само неправда. Во Кочани уште еден, 42.Марш за ангелите
Поради тие приватни обврски, тој не стигна ни да го гледа спектакуларното финале на Вимблдон што годинава го играа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Тешко ми е да гледам натпревари, едноставно затоа што немам време, да бидам искрен. Со децата и сè што се случува во мојот живот, тешко е да се каже: „Во ред, денес ќе го гледам овој натпревар“. Како и финалето на Вимблдон, тој ден буквално видов само два натпревари бидејќи трчавме со децата и правевме работи“, рече Роџер, додавајќи:
– Тогаш во еден момент брзо се префрлив, малку „ѕирна“ и реков: „Па, видов малку од финалето на Вимблдон“. Секако дека бев љубопитен, ги гледав резултатите од време на време, но тешко ми е да седам и да гледам. Бев среќен што натпреварот беше толку добар и сакам кога од играта излегуваат одлични приказни.
Пронајдете не на следниве мрежи:



