Падот на Башар ал Асад беше главна тема на светот во последните денови, а луксузот во кој со децении живееше претседателот на Сирија го запрепасти светот. Видеата од неговата гаража полна со луксузни автомобили, во кои се најдоа неколку Ферари, го обиколија светот .Во самата вила сè пукаше од луксуз. Свилена постелнина, куфери и облека од Луј Витон во палатата, како и луксузни бањи, ги разбесни бунтовниците кои во неделата ја превртеа замокот на Асад. Сепак, салата на Башар ал Асад, која гледа на планината Касиун и градот Дамаск, предизвика особено негодување.Стаклен ѕид со прекрасен поглед, клупа, разбој, душеци, велосипед за вежбање…поставени на неколку стотици квадратни метри го одземаат здивот, а бунтовниците кои упаднаа во салата на Асад дополнително збеснаа кога сфатија дека салата продолжува на џиновски стан во кој друга бања е целата во мермер, во која има и џакузи.
Bashar al Assad’s private gym overlooking Mt Qasioun. Who the fuck needs TWO jacuzzis?? pic.twitter.com/Klow01ONlM— Kareem Shaheen (@kshaheen) December 8, 2024
Да потсетиме, додека бунтовниците ги отвораа затворите и ги ослободуваа затворениците во неделата, стотици луѓе упаднаа во резиденцијата на Асад со намера да земат се што можат од неа, но и да му покажат на светот неговата ароганција.Еден човек е виден како носи беж кадифен стол надвор од палатата преку неговото рамо додека луѓето талкаат по мермерните ходници со резбан дрвен таван над нив. Слики дојдоа и од куќата на Асад во блиската Ал-Малика, каде има меки црвени теписи, сјајни мермерни подови, но и облека и додатоци од најпознатите светски брендови како Диор и Луј Витон.Потсетиме дека во 2022 година, Стејт департментот процени дека семејството Асад вреди 1,6 милијарди долари, додавајќи дека ова е груба проценка поради големата наплата на семејни средства „за кои се верува дека се распространети и скриени на бројни сметки, дека има бројни имоти, корпорации и офшор даночни раеви“.