Фергусон не планира да замине во пензија

Loading...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, сè уште нема намера да ја напушти функцијата, а кога тоа ќе се случи желба му е да стане директор на ’црвените ѓаволи’.

Легендарниот шкотски стратег, Манчестер Јунајтед го предводи уште од 1986 година, а иако неколку пати најавуваше дека ќе се повлече, тој се уште со многу успех го предводи тимот од „Олд Трафорд“. 71-годишниот Фергусон има план што ќе работи кога ќе замине од кормилото на Јунајтед. „Нема така лесно да се ослободат од мене. веројатно ќе станам директор на клубот“, рекол тој во интeрвју за магазинот „Twenty Four 7“. Фергусон не одговорил конкретно на прашањето кога ќе замине во пензија, а исто така тој не сакал да шпекулира со името на потенцијалниот наследник. „Ќе ме прашаат за совет. Но, кој да биде мојот наследник ќе биде одлука на клубот, а не моја“, рекол Фергусон.
Макфакс
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, сè уште нема намера да ја напушти функ

loading...