Ферус е во кома, доживеал мозочен удар

До само пред неколку дена, македонската музичка легенда, познатиот саксофонист и кларинетист Ферус Мустафов беше активен во јавноста и на социјалните мрежи. Токму поради тоа, веста која осамна преку ноќ дека музичарот починал, а потоа демантирана од семејството дека сепак е жив но се бори за живот, беше дочекана со неверување, недоумици и многу непознаници.

Додава дека целото семејство е покрај Ферус, кој е хоспитализиран во болницата „8. Септември“ во Скопје, и сите се молат да се разбуди од кома.
Ферус е во кома, доживеал мозочен удар

„Се беше во ред со дедо ми, се беше супер, си функционираше како што треба. За сите нас ова е голем шок. Тој доживеа мозочен удар и веќе три дена е во кома. Она кое сакам да го потенцирам е дека дедо ми примаше терапија, таа му беше препишана како доживотна, но не знаеме зошто, еден лекар му ја тргна терапијата. Откако прекина со таа терапија, еве се случи ова, мозочниот удар“ – изјавил Ферчо и продолжил.

„Неочекувано за сите нас, секако и за неговите обожаватели, бидејќи до пред некој ден го гледаа како без проблем си извршува секојдневни обврски“ – појаснува внукот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.