Летот Дубаи-Манила е среќен лет, се роди и второ бебе “во облаците”
Помина само една година откако се роди бебе во авион, за пред неколку дена на истиот лет да се породи и една Филипинка. Малото бебенце го крстиле по името на летот-ЕК.
Изгледа дека има нешто во бројот ЕК 332, како што всушност се вика летот кој ги превезува патниците на дестинација Дубаи-Манила и на кој пред неколку дена се роди бебе, јавиле Емиратите 24/7. Но веста е уште поинтересна затоа што на овој ист лет пред една година се породи и друга жена.
Овојпат на летот се породила една Филипинка, која со својот сопруг летала за Манила затоа што сакала да се породи во својот роден град. Но, предвремените контракции ѝ ги промениле плановите, па таа се породила “во воздух”.
Околу породувањето ѝ помогнал и персоналот и патниците, а и авионот непланирано слетал во Малкута каде што и била пружена и медицинска помош. Среќните родители своето дете го крстиле по иметот на летот-ЕК.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Летот Дубаи-Манила е среќен лет, се роди и второ бебе “во облаците”
Помина само е