Унгарскиот премиер Виктор Орбан го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во американската сојузна држава Флорида.
„Мировна мисија 5.0. Беше чест да се сретнам со претседателот Доналд Трамп денес во Мар-а-Лаго. Разговаравме како да постигнеме мир. Добрата вест на денот: Тој ќе го реши тоа!“, објави Орбан на социјалната мрежа Икс покрај фотографијата со Трамп.
Peace mission 5.0
It was an honour to visit President @realDonaldTrump at Mar-a-Lago today. We discussed ways to make #peace. The good news of the day: he’s going to solve it! pic.twitter.com/AiTRsdexM5— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) July 12, 2024
Унгарија неодамна го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија, а оттогаш Орбан отпатува во Киев, Москва и Пекинг, каде разговараше со Володимир Зеленски, Владимир Путин и кинеските лидери, како што тврди, за ставање крај на војна во Украина. После тоа, тој присуствуваше на самитот на НАТО во Вашингтон, кој заврши синоќа.
Неговите патувања ги налутија лидерите на Европската унија, кои велат дека Орбан не настапува како европски лидер, туку како унгарски премиер, односно дека не ја претставува ЕУ кога разговара со рускиот претседател Путин.
We continued the peace mission in Mar-a-Lago. President @realDonaldTrump has proved during his presidency that he is a man of peace. He will do it again! pic.twitter.com/8abVBW7f6r
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) July 12, 2024