Восочната фигура на Абрахам Линколн се стопи поради големата топлина

Восочната фигура на Абрахам Линколн се стопи поради големата топлинаГлавата на восочната фигура на поранешниот американски претседател Абрахам Линколн изложена пред училиште во Вашингтон, не успеала да преживее поради многу високите температури, објавија денеска американските медиуми.Веднаш по главата се стопиле и нозете, оставајќи го само торзото кое се претворило во безоблична маса од восок, јавува Би-Би-Си.Главата на восочната реплика на споменикот на Линколн сега се поправа, а жицата што ја поврзуваше главата со торзото сè уште стои надвор од восочната композиција.Оригиналниот споменик на 16-тиот американски претседател се наоѓа на местото на поранешниот камп Баркер во Вашингтон, кој беше бегалски камп и прв дом на поранешните робови и ослободените Афроамериканци за време на Граѓанската војна.Восочна реплика беше поставена пред основното училиште Гарисон како почит на авторот, уметникот од Вирџинија, Сенди Вилијамс IV.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.