ФОТО: Општина Радовиш реализира повеќе значајни проекти во локалната инфраструкура

Деновиве се забележителни голем број на градежни активности кои се одвиваат во повеќе населени места и градот Радовиш особено во делот на подобрување на локалната инфраструктура.Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов за ова вели: „Особено сум горд и задоволен што во мојот мандат 2013-2017 година поставив репер како треба да се работи и да се спроведуваат проекти во интерес на граѓаните на нашата општина за овој временски период во општина Радовиш се реализирани проекти главно во инфраструктурата од над 15 милиони евра. Приоритетите беа насочени кон градот, населените места и локалната патна инфраструктура.“
Во тек е изградба на улица е во должина од 565 метри, тротоари од 1,5 м и ширина од 5 метри во населено место Калуѓерица се очекува до крајот на април истата да биде завршена.
Средствата за ова инфраструктурна инвестиција се обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа и изнесуваат 8.183.868 денари. Овој проект е еден од многуте со кој не само што се подобрува локалната патна инфраструктура, туку и се влијае на подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани во нашата општина, намалување на разликите во условите за живот во урбаната и руралните средини, а особено на жителите на населеното место Калуѓерица.
Имено во мандатот на градоначалникот реализирани се следниве проекти за ова населено место: изградена е канализација инвестиција од 680.000 евра, изградено е повеќенаменско игралиште и истото е осветлено, поставена е автобуска постојка, оградено фудбалско игралиште, изграден детски парк, отворен дневен центар за ран детски развој.
Во разговор со жители од ова населено место тие изјавија дека ова е период кога во нивното населено место се реализирани најмногу проекти и би сакале ова и во иднина да продолжи.
Исто така во тек е изградба на улица во населено место Покрајчево кој е во должина од 570 метри и чини 4 милиони денари обезбедени од буџетот на Локалната самоуправа.
„Во ова населено место беа реализирани неколку значајни проекти во времето на мојот мандат и тоа беше изградена нова училишна зграда, во делот на патната инфраструктура поврзано селото Покрајчево со с.Злеово овој патен правец беше асфалтиран, и откако ќе биде завршена ова улица, ние како локална самоуправа планираме изградба на парк со сите детски реквизити, со еден збор сме доследни на она што го ветивме во програмата. Јас сум особено горд и задоволен што успеавме како локална самоуправа да ги заокружиме ветените проекти во ова населено место.“ рече градоначалникот Николов.
Овие денови се отпочнати со реализација или се во фаза на завршување уште неколку проекти. За брзо време го почнуваме проектот во втора месна заедница Урбан блок 13 со поплочување на паркинг просторот, пристапна улица на истата локација и пристапната улица кон локалната самоуправа, тоа е просторот позади зградата Алфа на улицата „22-ри Октомври“. Веќе се отпочнати градежни активности на улицата која што води до ТИРЗ зоната. Истотака до крајот на месец март ќе бидат отпочнати активности за изградба на две улици во с.Ораовица во вкупна инвестиција од 7 мил.денари. Деновиве ги завршивме пректите во делот на трета месна заедница изградено е детско игралиште и парк, како и детски парк во с.Ораовица. Истотака во подготовка сме на тендерска документација на дополнителни инвестиции во патната инфраструктура. Би сакал да информирам дека до крајот на месец мај ќе отпочнеме и со изградба на улица во урбан блок 15 улица „4“ веднаш позади комплекс „Шампион“, изградба на улица во трета месна заедница попозната како Техналак и ќе ја поврземе со улица „Плачковица“ која води кон планина Плачковица, улица во пета месна заедница, две улици во с.Злеово и ред други проекти за кои што целосната техничка докумантација е готова и се обезбедени средства, и во тек се административни активности кон спроведување на  целосната тендерска процедура. Очекувам во најбрз временски рок и тоа да биде направено, изјави градоначалникот Сашко Николов.
 Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов за ова вели: „Особено сум горд и задоволен што во мојот мандат 2013-2017 година поставив реп

Пронајдете не на следниве мрежи: