Во текот на зимата паѓа толку многу снег што секојдневното лопатирање е неизбежна појава кај нејзините 300.000 жители. Снежните наноси можат да бидат толку високи што го блокираат излезот на луѓето од нивните куќи.
Аомори во Јапонија се смета за место со најмногу снежни врнежи во светот . Според некои статистики, просечно 7,9 метри снег паѓа секоја година во главниот град на префектурата Аомори на најголемиот јапонски остров Хоншу.
- Воен транспорт: Германија инвестира 1,35 милијарди евра во модернизација на фериботи за воена употребаГерманија ја започна модернизацијата на најголемиот европски автопристаниште во Бремерхавен за да… Read more: Воен транспорт: Германија инвестира 1,35 милијарди евра во модернизација на фериботи за воена употреба
- Зеленски: Одлуката за воена парада без оружје во Москва – покажува дека Русија се плаши од украинските дроновиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека одлуката на Русија да не прикаже… Read more: Зеленски: Одлуката за воена парада без оружје во Москва – покажува дека Русија се плаши од украинските дронови
- Нова чудност од Белата куќа: Објавена слика од вештачка интелигенција на Трамп како лик од „Војна на ѕвездите“ со симболична поракаКога станува збор за Доналд Трамп и администрацијата собрана околу него, малку… Read more: Нова чудност од Белата куќа: Објавена слика од вештачка интелигенција на Трамп како лик од „Војна на ѕвездите“ со симболична порака
- Филипче: Мицкоски создава вештачки непријатели и го дели народот на предавници и патриотиПремиерот Христијан Мицкоски си создава вештачки непријатели, ги дели граѓаните на предавници… Read more: Филипче: Мицкоски создава вештачки непријатели и го дели народот на предавници и патриоти
- Научниците открија уште една загрижувачка последица од ултра-преработената хранаПо дебатата за тоа како нездравата храна за мозокот, како што е… Read more: Научниците открија уште една загрижувачка последица од ултра-преработената храна
Поголемиот дел од градот и околните градови се покриени со густа снежна покривка од ноември до април секоја година. Тротоарите се попречени од високи ѕидови од снег и мраз кои се повисоки кога минуваат плугови за да го расчистат патот.
Ледени ветрови
Обилниот снег е резултат на уникатната географска локација на Аомори помеѓу планините Хакода и бреговите на заливот Муцу . До него стигнуваат ледените сибирски ветрови кои се судираат во таа област и предизвикуваат брзо формирање на облаци. Поради ниските температури во градот – наместо дожд, врне снег.
Во текот на зимата паѓа толку многу снег што секојдневното лопатирање е неизбежна појава кај 300.000 жители на Аомори. Снежните наноси можат да бидат толку високи што го блокираат излезот на луѓето од нивните куќи. Најмногу снег паѓа во последната недела од декември . Потоа во просек паѓа снег шест од седум дена со 47 сантиметри снег.
Туристите го сакаат
И покрај постојаните снежни бури, Аомори не ги затвора вратите за патниците. Многумина доаѓаат овде во зима за да уживаат во скијање и други снежни радости, но и да уживаат во локални специјалитети – главно јадења базирани на свежа риба и морски плодови.Не е тешко да се стигне до Аомори дури и кога паѓа снег – со авион или воз. Од Токио за три часа сте во Аомори со јапонскиот супер воз.
Пронајдете не на следниве мрежи:



