Француските власти очекуваат до 60.000 луѓе да учествуваат на демонстрациите во Париз на 7 ноември , како знак на протест против падот на куповната моќ на населението, објави BFMTV.
Полицијата се подготвува и за евентуално присуство на до 400 радикали на митингот. Според Лоран Нуњез , висок функционер на француското Министерство за внатрешни работи, на социјалните мрежи веќе се појавуваат повици за уништување на владини згради и ограбување на продавници .
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, на претходните демонстрации во Париз , одржани на 5 ноември, учествувале 65.000 луѓе.
Марш е планиран за сабота од Трг Република до Трг Нације во источниот дел од градот; тоа е единствената рута одобрена од Париската полициска префектура.
Во исто време, движењето „Жолти елеци“ ја објави својата намера да одржи протест на плоштадот Конкорд во центарот на градот, иако не доби дозвола од властите.
The post ФРАНЦУЗЦИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ХАОС: Се очекуваат 60.000 луѓе на улиците, на мрежите се појавија повици за ГРАБЕЖ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА! appeared first on Во Центар.



