Деновиве на социјалните мрежи се појави страшна снимка од напад на крокодил врз пливач и неговото куче во Австралија.
- (Фото) Снежна бајка на Пелистер
- Таа е новата Мис Универзум! Совршена убавина и пропорции, надминувајќи ја Барби по изглед – само да слушнете што прави
- Низа апсења за дрога во изминатото деноноќие, меѓу упсените има и странски државјани
- Обликот на вашиот нос открива какви сте во душата! Еден тип го нарекуваат рајски, а еве зошто
- ДУИ со писмо до меѓународната заедница пред одлуката на Уставен: Ова е линија што не смее да се премине!
На него се гледа како туристот Алистер Мекфи (37) постојано го удира животното во обид да избега откако тоа скокнало од водата во Квинсленд, во близина на Порт Даглас. Човекот бил во вода до колена со својот ротвајлер кога биле нападнати.
Крокодилот прво се обидел да го вовлече во водата, а потоа се сврте кон миленикот. Го грабна и го одвлече во длабочините, а потоа Мекфи скокнал врз него и почнал да го удира за да го заштити кучето.
Меѓутоа, туристот обилно крварел од длабоката рана на ногата и не можеше да го одбрани миленикот од ѕверот. На крајот, тој немаше друг избор освен да се повлече на работ на водата, бидејќи за кучето немаше спас.
Тој бил забележан од ренџер кој не бил на должност и бил итно пренесен во блиската клиника, а потоа во поголема болница во Кернс. Мекфи е во стабилна состојба по операцијата.
Претставници на Одделот за животна средина и наука (DES) изјавија за локалниот весник Cairns Post дека крокодилот бил пронајден и застрелан доцна во четвртокот навечер.
Џош Патерсон од Здружението на Абориџините Џабалбина Јалањи рече дека еден од неговите чувари го пронашол Алистер. Тој за медиумите изјавил дека човекот „бил уништен од болката поради губењето на кучето“ и верува дека миленичето починало бидејќи му дошло на помош.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.