Холандска баклава

600 г кори за баклава
4 јајца
250 г маргарин
250 г шеќер во прав
250 г мелени ореви
7 лажици гриз
200 мл масло
рендана кора од 1 лимон
1 прашок за печиво
ЗА ШЕРБЕТ
1 кг шеќер
1 литар вода
Маргаринот изматете го со половина од шеќерот со прав и додадете 4 изматени жолчки. Потоа додадете ги гризот, кората од лимон и прашокот за печиво и со лажица измешајте го жолтиот фил.
Оревите измешајте ги со преостанатиот шеќер во прав и 4 изматени белки и со лажицата измешајте го кафениот фил.
Една третина од корите наредете во правоаголна тава и секоја кора попрскајте ја со масло. Врз корите нанесете го жолтиот фил. Наредете уште една третина од корите попрскани со масло и нанесете го кафениот фил. Прекријте со преостанатите кори попрскани со масло и исечете на ромбови. Печете 40 минути на 200 степени.
Од водата и шеќерот 15 минути варете го шербетот. Додадете го лимонот исечен на кругови. Со топлиот шербет прелијте ја изладената баклава и оставете да го впие.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.