Хормонот за глад „напаѓа“ навечер

Loading...

Последните истражувања велат дека нивоата на „хормонот за глад“ се покачуваат во текот на вечерта, додека „хормонот за ситост“ опаѓа во истиот тој период. Токму тоа научниците го гледаат како причина за прејадувањето навечер.

Истражувањето кое беше спроведено во „Џон Хопкинс“ медицинскиот институт од Балтимор пробуваше да открие точно која е причината за обилното јадење кое го бара организмот во текот на вечерните часови.

Покрај делот од денот, научниците обрнаа внимание и на нивото на стрес кое го чувствуваат испитаниците, со цел да откријат дали можеби тоа има некаква врска со прејадувањето.

Научниците извршија серија експерименти над 19 мажи и 13 жени со прекумерна тежина, на возраст од 18 до 50 години. Секој поединец требало да гладува 8 часа пред да добие течен оброк од 608 калории во 9 часот навечер или 4 часот попладне. Исто така им бил измерен и притисокот за да се одреди дали чувствуваат стрес.

За време на следната фаза од истражувањето, на испитаниците им бил даден голем висококалоричен оброк.

Од истражувањето научниците открија дека луѓето имаат поголеми тенденции да јадат повеќе, па дури и да се прејадуваат, за време на подоцните часови од денот.

„Нашите наоди велат дека вечерта е период од висок ризик за прејадување, посебно ако сте стресни или веќе склони на прејадување“, рече докторката Сара Карел, асистент на студиите по психијатрија на „Џон Хопкинс“ институтот.

Според неа, сознанијата од ова истражување ќе им помогнат на луѓето да се изборат со прејадувањето, бидејќи ќе ги знаат резултатите од овој експеримент на институтот

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...