Распарченото тело на крипто милионер е пронајдено во главниот град на Бугарија.
Деловите од телото на Кристијан Пејев (41), кој имал американско и бугарско државјанство, ги пронашле водоинсталатери ангажирани да ја отпнат тоалетната школка набиена во одводот, пишува Мирор.
Пејев дипломирал на САД и го изградил своето богатство преку крипто инвестиции.
Инспекторите сметаат дека тој бил брутално убиен ноќта меѓу 8 и 9 август од Веско Валчинов, со кого се запознал пред шест години.
Извештаите на локалните медиуми за околностите на убиството содржат страшни детали.
Убиецот, наводно, го убил Кристијан со гира, а потоа го распарчил телото во бањата, а малите делови ги фрлил во тоалетната школка.
Инспекторите го пронашле местото на злосторството откако провериле два телефони на милионерот кој бил пријавен за исчезнат од неговиот брат на 10 август.
На денот кога исчезнал бил во контакт со Валчинова. На видеото од надзорната камера се гледа дека тие на 8 август заедно влегле во станбената зграда на осомничениот, а следниот ден Валчинов си заминал сам.
Друг осомничен, Константин Суботинов, кој исто така беше уапсен, во полиција признал дека му помогнал на Валчинов да ги скрие поголемите делови од телото на жртвата возејќи го во областа Витоша.
Бугарските медиуми тврдат дека Пеев му помогнал на Валчинов со крипто инвестиции и сугерираат дека убиството било мотивирано од пари.
Пеев е вториот крипто милионер кој е пронајден распарчен во последниот месец. Деловите од телото на Фернандо Перез Алгаба, да потсетиме, беа пронајдени во црвен куфер фрлен во поток во предградието на Буенос Аирес.
Аргентинските медиуми објавија дека деловите од телото се чисто ампутирани, што укажува дека тоа е дело на професионалец. Обдукцијата покажа дека жртвата била застрелана три пати пред да биде распарчена.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.