Нормален менструален циклус трае помеѓу 21 и 35 дена, а просекот е 28. Крварењето не треба да трае подолго од седум дена, а доколку е продолжено треба да се консултирате со гинеколог.
Симптомите кои се јавуваат за време на менструацијата вклучуваат: надуеност, задржување на течности, слаба концентрација и лошо расположение. Сепак, постојат одредени намирници и додатоци кои можат да ви ја ублажат болката.
Храна која содржи калциум
Ќе ја намали појавата на грчеви, ќе спречи надуеност и задржување на течности, а го има и во храната како млекото, јогуртот и сирењето.
Влакна
Влакната ќе ја подобрат подвижноста на цревата и на тој начин ќе ја спречат надуеноста.
Целта е во секој оброк да вклучите овошје и зеленчук, и интегрални житарки, а не смеете да заборавите да пиете течности.
Магнезиум
Се смета дека магнезиумот ги намалува симптомите на главоболка и грчеви во мускулите, а можете да го најдете во храна како темно чоколадо, авокадо, зелен лиснат зеленчук, бадеми.
Витамин Е
За ублажување на симптомите на менструацијата, студиите покажаа дека витаминот Е значително помага, а можете да го најдете во намирниците како суви семки од сончоглед, бадеми, растителни масла…