Храна што содржи повеќе калциум од млекото

Нетолеранцијата на млеко и на млечни производи стана речиси секојдневна појава. Сè повеќе луѓе се соочуваат со овој проблем што бара алтернативен начин на исхрана, особено затоа што млекото се смета за основен извор на калциум. Бидејќи калциумот е важен за здрави и цврсти коски, потребно е да се најде друг начин за внесување на овој минерал во организмот. Погледнете го овој список на намирници кои содржат повеќе калциум од млекото.
Храна што содржи повеќе калциум од млекото
Семиња
Една лажица чија семе содржи околу 177 мг калциум. Три лажици дневно ви се доволни затоа што содржат повеќе калциум од една чаша млеко. Исто така, калциум содржат и лененото семе, семето од сусам и семето од афион. Овие семиња можете да ги додадете во омилените салати или вашето смуди.


Сардини
Овој вид риба е еден од најдобрите извори на калциум. Иако голем број луѓе не сакаат да јадат сардина, ако ја измешате со домати, краставици, сирење и маслинки, може да биде одличен оброк.
Бадеми
Од сите јаткасти плодови, бадемите се најбогати со калциум. Еден грст бадеми содржи дури 3 грама влакна, што е сосема доволно за дневно внесување во организмот. Бадемите се сметаат за супер-храна бидејќи се полни со протеини и разни витамини.
Темнозелен зеленчук
Колку е позелен зеленчукот, толку повеќе има калциум. Спанаќот, кељот и брокулата се на самиот врв на растенија богати со калциум.


Грав
Гравот е познат по големата количина на протеини и влакна што ги содржи, но исто така е добар извор на калциум. Исто така, боранијата и сојата содржат многу калциум. Гравот е многу хранлив и може да помогне во намалување на холестеролот.
Портокали
Една чаша свежо исцеден сок од портокал ви обезбедува приближно 72 мг калциум. Покрај тоа, она што сигурно го знаете е дека портокалите се богати со витамин Ц, што му помага на телото да го апсорбира калциумот.


Киноа
Една чаша киноа ќе ви обезбеди околу 100 мг калциум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.