Александра Пријовиќ закажа пет концерти во загрепската Арена, што предизвика голема врева во хрватските медиуми.
Додека некои негодуваат што пејачката, која успеа во Србија, а порасна во Хрватска, исполни пет арени во Загреб, други едвај чекаат да оди на концертот на Прија.

Успехот на Александра го прокоментира и познатиот хрватски водител Зоран Шпрајц, кој смета дека „ни Оливер Драгојевиќ не би пополнил толку арени, ако сега станеше од гробот“.
- (Видео) Токсичен дожд врз руски град, украинците велат дека последните напади ги откриваат слабостите на руската воздушна одбрана
- Германските аеродроми предупредуваат: Поради цената на керозинот ќе има поскапи билети и откажани летови
- ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект
- Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по тешкиот пораз на локалните избори: „Ако нема друг кандидат за лидер на партијата, ќе го предложам моето име“
- Повредениот Хамнеи е надвор од јавноста, но влијае на воената стратегија, проценуваат американските разузнавачки служби
- Само неправда. Во Кочани уште еден, 42.Марш за ангелите
- Јакимовски за Лукровски: Ако е на боледување, зошто барале да биде избришан од Централен регистар од одговорно лице во Општина Карпош?
- Ретроградниот Плутон во Водолија пристигна: 4 знаци се на тест до 16 октомври
- Иран: Непрекинат извоз на нафта и покрај конфликтот
“Дино Мерлин досега го држеше рекордот со 4 концерти по ред во Арена, а овде оваа српска Прија го надмина тој босански магионичар. И не само тоа, во Загреб се надмина и себеси од Белград. Бидејќи во Белград распродаде три Арените, а во Загреб ги има пет, што пак докажува дека Хрватите се поголеми Срби од Србите. Дури и Оливер Драгојевиќ да стане од гроб како Исус и да најави концерт во Арена, нема да може да распродаде пет Арени Дури и самиот Исус да воскресне, прашањето е дали ќе воскресне.
„Раководството на Арена Загреб веќе размислува Александра Пријовиќ да биде дел од постојаниот состав на Арената. Таа постојано да настапува, секој ден да има концерт, па да видиме до каде ќе стигне“, додаде тој.
Да потсетиме, на актуелната турнеја Александра Пријовиќ распродаде три арени во Белград, пет во Загреб, а неодамна закажа и трета „Зетра“ во Сараево.
Пронајдете не на следниве мрежи:



