Цветно кафе за оние на коишто веќе им фали летото

Ледено кафе со лаванда и кокосов шеќер
Потребни состојки:
120 милилитри кафе
120 милилитри вода
100 грама кокосов шеќер
2 лажици исушена лаванда


Начин на подготовка:
Подгответе го кафето на вообичаениот начин.
Ставете ги останатите состојки во мало тенџере (без кафето) и варете на среден оган. Кога ќе почне да врие, намалете го огнот и оставете го да поврие уште 5 минути со повремено мешање. Сипете ја мешавината низ цедалка во стаклено шишенце со капак што добро затвора. На овој начин сирупот може да стои во фрижидер неколку недели.
Додајте онолку сируп колку што сакате во вашето кафе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.