Цедениот сок е здравје во чаша, но дали го консумирате правилно?

Трендот на пиење здрави цедени сокови постојано се менува, но е основа на здравата исхрана што се трудите да ја практикувате. Не постои совршен начин да подготвите цеден сок, но има неколку грешки во процесот што треба да ги избегнувате за да го извлечете максимумот од оваа здрава навика.
Разновидноста на намирниците и нивното потекло во голема мера влијаат на квалитетот на цедениот сок и неговата ефикасност, и го саботираат вашиот обид да внесете некој витамин плус.
Без разлика дали се држите до строг режим, се обидувате да создадете свој или сте тотално неупатени на темата, овие совети од светските нутриционисти ќе ве научат како да извлечете максимум хранливи состојки во чаша.


Пиете отстоен цеден сок
Идеата да исцедите цело буре што ќе го пиете од понеделник до петок звучи практично, но всушност ова е строго забрането. Прво и основно правило за цедените сокови е да го испиете веднаш по подготовката – така вашето тело ќе апсорбира максимум од хранливите состојки. Ако го оставите да стои во фрижидер тој ќе оксидира и ќе ги изгуби сите својства.
Пиете цеден сок со или по оброк
Можеби е освежувачки кога го пиете со вкусен ручек, но е многу погрешно. Најдобро е да го пиете на празен стомак, 30 минути пред оброк. Причината е едноставна – вашето тело побрзо ќе ги апсорбира хранливите состојки и витамините, за вашиот дигестивен систем да има време да се одмори потоа.
Мислите дека цедениот сок е лек за сè
Нема сомнеж дека цедените сокови се одличен здрав додаток во исхраната. Но, за максимум придобивки треба да внимавате и на други аспекти од вашиот живот. Сокот не е магично стапче; треба да го комбинирате со здрава исхрана, редовни вежби и квалитетен сон. Доколку не чувствувате бенефит од пиењето цедени сокови, тогаш треба да се запрашате што правите погрешно.
Секогаш користите исти плодови
Сигурно имате омилен рецепт, но не заборавајте да внесете и други намирници. Разновидноста е клучот до здрав живот, и гаранција за балансиран внес на хранливи состојки. Уште поважно е да ги прилагодите рецептите на вашите индивидуални потреби. Она што за некој е храна, за друг може да биде отров, па затоа откријте кој зеленчук и овошје најмногу ви одговара.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.