Цените на гасот во Европа ќе се нормализираат дури во 2025 година

Цените на природниот гас во Европа треба да се нормализираат дури во 2025 година со употреба на течен природен гас (LNG) и со зајакнување на заедничката инфраструктура, јавува Анадолу.

Според извештајот на Агенцијата „Фич“ под наслов „Најголемата криза за гас во Европа заврши“, обезбедувањето течен природен гас и зајакнувањето на инфраструктурата се истакнуваат како клучни фактори за долгорочното снабдување на Европа со гас.

Зголемената понуда на течен природен гас во Европа, благите временски услови и чекорите за намалување на побарувачката го спречија најлошото сценарио во текот на енергетската криза.

Побарувачката за гас во Европската Унија (ЕУ) е намалена за 10 отсто во 2022 година.

Во извештајот на Агенцијата „Фич“ се наведува дека се очекува да продолжи падот на побарувачката и оваа година, и дека ќе достигне 15 проценти.

Исто така, се очекува дека течниот природен гас, кој е главниот алтернативен извор во намалувањето на зависноста од рускиот гас во енергетската криза, и понатаму да ја задржи својата важност во Европа.

Пронајдете не на следниве мрежи: