Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска го слави својот 51 роденден, а особено ја радува што на прославата ќе биде и нејзината сакана Анастасија, која веќе извесно време живее во Шпанија.За Цеца најважно е семејството да е заедно, а тоа е нејзиниот најдобар и највреден подарок што ја прави среќна и задоволна жена.Анастасија е неколку дена во Белград, а престојот го продолжила за да го прослави роденденот на мајка си.– Пред неколку дена таа веќе го одбра подарокот што ќе и’ го подари денеска. Цеца има сè, но Анастасија се обиде да направи вистинско изненадување. Прославата ќе се одржи во вилата – вели извор за српските медиуми Инаку, Цеца откри дека нејзиниот дует со Војаж ќе излезе на нејзиниот роденден.– Анастасија ќе биде таму за мојот роденден, а јас ќе го прославам со тоа што конечно ќе се одморам од обврските – рече Цеца и додаде дека по настапот во Македонија оди на Европско првенство.– Анастасија е задолжена за дресовите – рече таа низ насмевка.Фолкерката секоја година има ден полн со изненадувања, а едно од нив е кога фановите се собираат пред нејзината вила за да и’ приредат моменти за паметење.Така, пред три години и’ испратиле „кутија за изненадување“ на домашна адреса во која имало златна чаша со бројот 48, како и фотографиите на Цеца со малиот Жељко.„Среќен роденден најмила наша, те сакаме најмногу на светот“, пишувало на честитката.
Пронајдете не на следниве мрежи: