Цеца се мажи?! Анастасија со интересна изјава за врската на нејзината мајка

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ се појави на отвoрање на едно модно ателје, а сите веднаш ја забележале нејзината нова фризура.
Имено, таа откри дека се одлучила за промена поради снимањето на новите видеозаписи.
Спотови и нови песни, ете една мала промена. Четири години сум во иста боја, па ете малку да се освежам. Ми годи промената, но тоа не значи дека нема да се вратам на старото на кое сум навикната“, изјави младата пејачка.
Знае таа се, нема потреба ништо да ѝ порачувам. Благодарна сум и на тоа што целиот свој живот го посвети на мене и брат ми.“
Цеца ужива во својата врска со своето ново момче Богдан Срејовиќ, а сега Анастасија откри што мисли за партнерот на мајка си.
Таа толку години се бореше сама, па мислам дека машката фигура не влијае на нејзината сила. Таа е силна жена, а тој може само да ѝ го разубави животот“.
На прашањето дали се меша во изборот на партнерите на Цеца, Анастасија вели:
Секако дека ѝ значи нашето мислење, но мислам дека немам право да се мешам во нејзината среќа и да ѝ избирам партнери. Она е таа која одлучува со кој ќе биде во врска. Јас не се прашувам, тука сум да ја поддржам“, вели Ражнатовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.