Цеца се пожали дека заради ограничувањата од мерките против корона вирусот нивниот естраден бизнис е уништен, а државата не им дава субвенции како на другите професии во слична состојба.
И ние сме живи суштества кои треба да преживеат, рече Фолк-пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и се пожали дека српската естрада е во големи проблеми поради епидемијата на вирусот корона. „Естрадата е навистина во неволја. Сега не зборуваме за мене, Чола, Лукас, Брена …
А зошто да не зборуваме за нас? Нам трошоците ни се огромни а приходите се нула, а замислете ги само луѓето кои работат за многу, многу помалку пари. Не мислам дека е фер. И ние имаме и семејства и ние сме живи суштества што треба да преживеат “