Пејачката Цеца Ражнатовиќ вчера одржа концерт во Сомбор, а карта повеќе се бараше и додека траеше концертот иако тој беше распродаден за рекордно време.
Пејачката на настапот беше изненадена од доаѓањето на снаата Богдана Ражнатовиќ со внукот на пејачката Жељко, а друштво им правеше и другата баба Даниела Родиќ.
Кога Цеца излегувала на настапот ги видела нив и позитивно се изненадила.
Таа не ја симнуваше насмевката од лицето, а пресреќен беше и внукот кој на исто место ги имаше двете баби.
Откако Цеца се поздравила со снаата и внукот и сваќата се качи на бина и го започна настапот со својот хит „Белград“.
На настапот беше и кошаркарот Никола Јокиќ со сопругата и пријателите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.