Црна Гора ќе го укине полицискиот час

Поради стабилизирање на епидемиолошката состојбата во Црна Гора, здравствените власти донесоа одлука за олабавување на рестриктивните мерки. Укинат е полицискиот час кој важеше од полноќ до 5 часот наутро.

Новата одлука дозволува сообраќај меѓу општините за време на викендите, што досега беше забрането, и дозволува музика во живо на терасите во кафулињата од 19 до 22 часот, додека сите се должни да носат заштитни маски на отворено и во затворен простор , а останува и мерката за забрана за собирање.

Во втората половина на април, Црна Гора речиси го нормализира животот со ублажување на скоро сите епидемиолошки мерки, оставајќи ја обврската за носење заштитни маски на отворено и затворено, движење меѓу општините за време на викендите, забрана за собирање и полициски час.

Масовната имунизација, која започна на 4 мај, се спроведува со вакцините на „Астра Зенека“, „Синофарм“ и „Фајзер“, а досега е имунизирано околу 17% од населението.

И покрај олеснувањето на мерките, властите апелираат до граѓаните да продолжат да ги почитуваат правилата за спречување на ширење на коронавирусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.