Чашка: Полицијата едвај ја спаси директорката од револтираните и гневни граѓани!

Нема договор за албанската паралелка во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка. Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта, учениците ја бoјкотираат наставата, а родителите протестираат.

Секојдневните протести на родителите станаа тензични.Тие и натаму бараат оставка од директорката Елена Николова,која денес морала да побара полициска заштита за да дојде на работното место.

ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛИТЕ КОНЕЧНО ВО ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ; Здружението Онлајнмедиа ги поддржува предлозите на Владата
На годишното Собрание членовите на здружението Онлајнмедиа.мк ги прифатија предложените измени во …
Ова се најмрзливите хороскопски знаци
Некои луѓе едноставно сакаат мирен ритам и не сакаат премногу брзање во …

-Ние ги пренесовме заклучоците од состанокот и револтот е токму поради тоа зголемен. Единствено што во моментов е официјално барање од нас е директорката да се промени. Во тој случај наставата ќе тече нормално и ќе продолжиме да комуницираме со министерот и со остатите за да се најде решение, изјави за Алфа, Цвета Пешовска, родител.

Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите, е насилно и незаконски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.