Дали понекогаш или често ви се случува да имате проблеми со желудникот и варењето на храната? Доколку одговорот е потврден, обидете се да не ги консумирате овие намирници на празен желудник.
1. Сиров зеленчук
Сировиот зеленчук е здрав и богат со витамини и минерали, но не се препорачува за појадок бидејќи е вистински предизвик за дигестивниот систем, особено ако го консумирате на празен желудник.
2. Јогурт
Ако имате чувствителен желудник, појадокот што вклучува јогурт може тешко да ви „легне“. Јогуртот содржи здрави млечни бактерии кои за жал не стигнуваат до цревата бидејќи празниот желудник ги убива со киселината. Доволно е со него да консумирате по некој јаткаст плод, парче авокадо или лажица овесни снегулки, со цел желудникот да не биде празен.
3. Банана
Банана на празен желудник често нагло го покачува нивото на шеќер во крвта, но исто така тоа ниво брзо и паѓа. Последици на тоа може да бидат ненадејни напади на глад во текот на денот.
4. Цитрусни овошја
Чаша свежо цеден сок од портокал звучи здраво, но на празен желудник не е баш најздраво. Единствен исклучок е вода помешана со лимон .