Состојки
1 лажичка чиа семе од Натура
1 лажичка мед
100 мл. млеко по избор (оризово, соино, кравјо)
1 киви
1 кришка свеж ананас
5 бадеми
Во чаша го ставаме млекото, медот и чиа семето, мешаме со лажичка и оставаме околу 1 час да набабри.
Ќе се добие густ чиа пудинг, па ја додаваме исечканата кива, исечканиот свеж ананас и бадемите.
Уживаме во вкусниот и здрав појадок.