Кокос ролатот без печење се подготвува за миг, а буквално се топи во уста при секој залак.
Понекогаш е тешко да се најде инспирација за брз, вкусен и едноставен рецепт, без многу мака. Овој колач вклучува само три состојки, а особено ќе ги воодушеви љубителите на кокос. Најдобро од сè е што за негова подготовка воопшто не треба да вклучувате шпорет, а се припрема за максимум за 15 минути.
Потребни состојки:
- 300 гр. кокосово брашно
- 200 мл. кондензирано млеко
- 30 гр. какао во прав
Начин на подготовка:
Во чинија ставете го кокосовото брашно, додајте го кондензираното млеко, па сето тоа промешајте го за да се соедини убаво. Доколку ви е полесно, можете да ја изгмечите смесата со раце.
Поделете ја смесата на две дела, па во едната половина додајте какао во прав и измешајте.
На проѕирна фолија прво обликувајте ја белата смеса во правоаголник со дебелина од околу половина центиметар.
Истото направете го и со смесата со какао, па ставете ја преку белата кора.
Со помош на фолијата, внимателно направете ролат, завиткајте го и оставете го во фрижидер половина час да се стегне.
Исечете го на парчиња и послужете.