Потребни состојки:
2 банани
2 јајца
4 лажици какао
Половина кесичка прашок за печиво
Глазура
50 г чоколадо
45 мл млеко
15 г путер
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата, па ставете ги во блендер. Додајте исечкани банани, какао и прашок за печиво и изблендирајте за да добиете соединета смеса. Додајте ја смесата во тава со пречник од 14 сантиметри и печете 5-8 минути. Растопете го чоколадото со млеко и путер. Превртете го испечениот колач и прелијте го со чоколадна глазура. Оставете го да го впие чоколадото, исечете и послужете.