3 јајца
3 лажици вода
120 г шеќер
100 г брашно
3 лажици какао
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
125 мл слатка павлака
100 г маргарин
100 г црно чоколадо
Пенасто изматете ги жолчките, водата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги какаото, брашното измешано со прашокот за печиво и изматените белки. Измешајте ја смесата и нанесете ја во правоаголна тава покриена со хартија. Печете 15 минути на 180 степени. Изладениот пандишпан свиткајте го во влажна крпа.
Потоа премачкајте го пандишпанот со изматената слатка павлака и повторно свиткајте ролат. На него нанесете го растопеното чоколадо со маргарин. Откако чоколадото ќе се стегне исечете на парчиња.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.