Освен што ќе го обожавате затоа што е прелесен за подготовка, чоколадниот шмек е неодолив за непцата.
Времето кое ќе ви го одземе за да го приготвите нема да биде подолго од 30-тина минути, но на вкусот ќе се навраќате постојано.
Состојките се следниве:
200g путер
200g чоколадо со 70% какао
4 јајца
100g шеќер
1 лажичка ванилин шеќер
100g мелени бадеми или ореви
Подготовка:
Растопете ги чоколадото и путерот, па тргнете ги на страна.
Јајцата и шеќерот изматете ги со миксер додека не згуснат. Додадете го и ванилиниот шеќер.
Помешајте ги двете смеси со миксер. На крајот додадете ги и мелените ореви или бадеми.
Намачкајте со путер еден калап со средна големина. Загрејте ја рерната на 170-180 степени.
Печете околу 20-25 минути.
Колачот се служи додека е топол.