„Чоколадна кростата“ – италијански класичен десерт кој ќе ве воодушеви со вкусот

Ова е еден од класичните десерти на италијанската кујна, а начинот на подготовка е навистина едноставен. Подгответе го крцкавото тесто, додајте го филот од чоколадо и бадеми и ставете го десертот во рерна. Додека чекате тестото да се испече, изматете слатка павлака која ќе биде одличен контраст на чоколадното полнење и наросете со бадеми.
Чоколадна костата – италијански класичен десерт кој ќе ве воодушеви со вкусот
Полесно не може да биде, а еве ги и точните мери и начинот на подготовка на овој десерт:
За тестото:
400 г брашно
3 јајца
150 г шеќер
150 г путер
За филот:
200 г чоколадо со 70% какао
100 г млеко
100 г шеќер
30 г бадеми


Начин на подготовка:
Ставете го брашното на работната површина и направете дупка во средина.
Истурете ги разматените јајца, додајте го шеќерот и сè добро промешајте.
Додајте ладен путер сечкан на коцки.
Месете го тестото од 3 до 5 минути. Работете брзо за путерот да не се растопи зашто тестото треба да остане кревко.
Завиткајте го во фолија и замрзнете го ( околу 30 мин.)
Поделете го тестото на пола.
Расукајте го тестото во форма на круг.
Ставете го тестото во подмачкан плех за печење.
Растопете го чоколадото и додадете го млекото, шеќерот и сечканите бадеми.
Малку изладете го филот и истурете го врз тестото. Претходно, тестото издупчете го со вилушка на неколку места.
Расукајте го остатокот од тестото, исечете ги на ленти и прекријте ја питата со лентите.
Печете го десертот на 180 °С од 40 до 45 минути, па изладете го и сервирајте го во комбинација со изматена слатка павлака.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.