Чоколадни бомбици од само три состојки

Потребни состојки:
200 г чоколадни бисквити
100 г крем сирење
250 г темно чоколадо
Начин на подготовка:
Изблендирајте ги бисквитите во блендер и додајте крем сирење и измешајте. Од добиената смеса обликувајте бомбици и наредете ги на хартија за печење. Готовите бомбици ставете ги во замрзнувач половина час, а во меѓувреме растопете чоколадо.
Секоја бомбица додајте ја во растопеното чоколадо, па ставете ги во фрижидер да се стегнат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.