Едноставен и брз рецепт за сладок десерт со смокви и чоколадо.
Потребни состојки:
-250 г суви смокви
-125 г мелени ореви или лешници
-100 г шеќер
-сок од еден портокал и малку сок од лимон
-рум по желба
-50 г темно чоколадо
Начин на подготовка:
Стопете го чоколадото на пареа. Сувите смокви ситно исецкајте ги, може и да ги сомелете. Сомелете ги и оревите.
Во сад ставете ги смоквите, оревите, шеќерот, стопеното чоколадо, румот, сокот од портокал и малку сок од лимон. Убаво замесете за да добиете компактна смеса.
Од тестото формирајте топчиња, наросете ги со мелени ореви или чоколадни трошки, по желба.