Чорба од компири со пушена сланина

Потребно
1 голема главица кромид
250 г пушена сланина
2 ловоров лист
2-3 големи компири
1 праз
375 г пченка од конзерва
750 мл пилешка или зеленчукова супа
500 мл полномасно млеко
црн пипер и сол по вкус
Подготовка
Во тенџере загрејте малку маслиново масло или путер и запржете го кромидот.
Кон него додадете сецкана сланина и ловоров лист.
Исечете ги компирите на мали парчиња, како за супа и ставете сланина и кромид.
По 2-3 минути може да додадете и сецкан праз.
Кога празот ќе подомекне, ставете исцедена пченка и малку сол.
Конечно дотурете вода / супа.
Кога супата ќе се згусне малку може да го додадете и млекото.
Супата е подготвена за сервирање кога компирот е целосно варен и конзистенцијата ѝ е густа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.