Чорба од компир и пашканат, ги грее душата и телото

Пашканатот е неправедно запоставен зеленчук во кујната и најчесто се користи за готвење бистри супи. Но, сега ви предлагаме нова идеја за чорба во комбинација со малку компир и неодолива куркума.

Состојки:
300 гр пашканат
мала главица кромид
помал морков
поголем компир
2 лажици брашно
лажица куркума
сув босилек
сол и црн бибер
30 гр путер
1 литар вода
2 лажици кисела павлака
една лажица сецкан свеж магдонос

Подготовка:
Пропржете го кромидот, додадете зеленчук исечен на помали парчиња, куркума, сол и бибер. Кога зеленчукот ќе се испржи, додадете го брашното и пржете минута-две. Истурете вода и оставете да зоврие.
Намалете ја топлината и гответе во полупокриено тенџере додека зеленчукот не омекне, измешајте со рачен миксер и зачинете по вкус.
Во тавче растопете малку путер, додадете сув босилек, сечкан магдонос и две лажици кисела павлака. Зачинете ја чорбата со путер и павлака.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.