Младиот кромид, заедно со лукот, црвениот кромид и празот, спаѓа во растителното семејство Allium и е вистински предвесник на пролетта. Има специфичен вкус и мирис, но исто така е многу здрав бидејќи изобилува со витамини, минерали и антиоксиданси.
Младиот кромид може да го подготвите на различни начини, но за максимална здравствена придобивка најдобро е да го јадете свеж, со неговите долги зелени листови. Нутритивните вредности во зелениот дел се поголеми од тие во главицата. Така, во килограм главици од млад кромид има околу 8,5 грама витамин Ц, а во зелените листови околу 38 грама. Во главиците има околу 0,3 милиграми каротен, а во зелените листови 1,2 милиграма. Во главица кромид има 175 грама калиум, а во листовите 231 грам.
Зошто треба да јадете млад кромид и кои се придобивките?
Ги чува коските и забите
Зелените делови содржат значајни количини калциум и витамин К, потребни за одржување на густината на коските и забите. Витаминот К е клучен и во процесот на згрутчување на крвта.
Го подобрува имунитетот
Изобилува со витамини и минерали, особено е богат со витамините А и Ц, кои гарантираат здравје на целиот организам, го зајакнуваат имунитетот и се ефикасни борци против инфекции во телото. Витаминот А е клучен за здравјето на очите, зараснувањето рани и лечењето на некои цревни болести.
Го намалува ризикот од рак и тумори
Содржи алил сулфид кој го намалува ризикот од создавање на тумор или рак, особено пружа силна заштита на рак од дебелото црево.
Чувар на видот
Изобилува со лутеин и зеаксантин кои докажано помагаат во зачувување на добриот вид. Покрај тоа, содржи и витамин А, кој го штити здравјето на очите. Исто така, со консумација на млад кромид, се намалува ризикот од макуларна дегенерација која може да резултира со губење на видот.
Придонесува за младешки изглед
Честата консумација на млад кромид придонесува за убава и негувана кожа. Витаминот А го подобрува создавањето на колаген чиј недостаток предизвикува сува кожа, појава на брчки и целулит. Витамниот Ц ја намалува хиперпигментацијата и поттикнува производство на колаген, ја зацврстува кожата и го намалува црвенилото. Витаминот Е ја хидрира кожата, а селенот и бакарот се одлични сојузници во борбата против стареење на клетките на кожата.
Сојузник за здраво срце
Младиот кромид е сојузник за здраво срце и крвни садови. Добар извор е на калиум и растителен пигмент кој го намалува високиот крвен притисок. Содржи материи кои ја подобруваат крвната циркулација и ја намалуваат шансата од добивање на дијабетес тип 2.