Генералниот секретар на НАТО ја коментираше битката за Бахмут.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција ја коментираше битката за Бахмут . Тој рече дека градот може да падне во рацете на Русија во наредните денови.
„Она што го гледаме е дека Русија фрла повеќе војници, повеќе сили, а она што ѝ недостига на Русија во квалитет, тие се обидуваат да го надополнат во квантитет. Тие претрпеа големи загуби, но во исто време не можеме да исклучиме дека Бахмут може да падне во наредните денови“, рече тој .
„Тоа само нагласува дека не треба да ја потценуваме Русија. Мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украина“, рече тој.
Пронајдете не на следниве мрежи: