Состојки
500гр шпагети кај мене интегрални , сол, вода
1-1,3 кгр црвени домати
2лажици маслиново масло
1/2 главица сецкан кромид
1 рака босилек
1лажиче сол
1/2лажиче шеќер
1/2лажиче свежо мелен бибер
свинска пршута и пармезан по желба. Во касерола ги ставаме на тивок оган да крчкаат излупените и на крупни парчиња сецкани домати.
После одприлика еден час, додаваме шеќер сол, бибер, сецкан босилек,
Во тава ставаме маслиново масло и многу ситно сецкан кромид.
Од кога ќе застакли го додаваме кај сосот од домати.
Смесата ја поминуваме со стапчест миксер за да биде мазна.
Нека крчка се заедно уште некоја минута.
Во касерола налеваме вода и додаваме сол.
Во зовриената вода ги ставаме шпагетите да бидат ал денте сварени.
Може цела количина на шпагети да ја ставиме во соссот или во тајнир да сервираме од процедените шпагети, па да ставиме обилно сос, и парчиња свинка пршута, која јас малку ја запржив, за да добијам поубав шмек.
По желба додаваме пармезан и консумираме.
На здравје овој вкусен, летен ручек.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.