Доколку сѐ уште не сте се одлучиле што да направите денес за ручек, еве интересна идеја! Оваа комбинација не сте ја пробале, во продолжение ги состојките што ќе ви бидат потребни.
СОСТОЈКИ:
– 200 г шпагети
– 1 средно авокадо
– сок од ½ лимон и кора од лимон
– 1 – 3 чешниња лук
– 1/2 лажичка крупна сол
– 2 лажици маслиново масло
– 2- 3 лажици сечкан босилек
– мелен црн пипер
– неколку маслинки (по желба)
ПОДГОТОВКА: Ставете посолена вода да зоврие во поголем сад, па додајте ја пастата и варете ја додека биде ал денте. Во меѓувреме направете го сосот – во блендер ставете ги лукот, маслиновото масло, лимоновиот сок. Блендирајте додека добиете воедначена смеса.
Додајте ги излупеното авокадо, босилекот и солта и продолжете да блендирате додека добиете кремаста смеса. Кога ќе биде готова пастата исцедете ја и ставете ја во голем сад. Додајте го сосот и мешајте да се распореди убаво низ пастата.
Сервирајте посипано со рендана кора од лимон и мелен црн пипер. Додајте неколку маслинки и сервирајте веднаш.