Шпагети со лигњи

350 г шпагети
500 г лигњи
200 г замрзнат грашок
1 домат
1/2 главица кромид
3 чешниња лук
3-4 лажици сечкан магдонос
150 мл бело вино
250 мл вода
1 лажица сув зачин
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
Шпагетите се варат во посолена вода и се цедат во цедалка.
Лигњите се сечат на кругови.
Кромидот и лукот ситно се сечкаат и се ставаат во тава со маслиновото масло малку да се пропржат колку да пуштат мирис. Потоа се додаваат лигњите и се пржат неколку минути. Се додаваат виното, водата и зачините по вкус. Се оставаат да се динстаат додека течноста не се преполови.
Потоа се додаваат грашокот, доматот исечкан на коцки и магдоносот. Се промешува и се динста додека течноста не испари. На крај се додаваат исцедените шпагети, се промешува и се служи топло.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.