Што забележуваат мажите за време на секс?

Loading...

Повеќето жени се незадоволни од својот изглед, но ново истражување покажа дека во интимната атмосфера мажите се слепи за нивните недостатоци.

Комплексите на некои жени се толку многу, што буквално го уништуваат нивниот сексуален живот, па дури и врска. Работата е во тоа што претставниците на силниот пол не ги земаат во предвид излишните килограми ниту појавената црвена точка на лицето поради што жените се способни да се откажат од секс буквално. Силата на љубовната хармонија е во самодовербата на дамите што ги прави поубави и секси во очите на мажите.

Стереотип е мислењето дека мажите со поглед ги мерат димензиите на градите и половината. Овие параметри не се важни за повеќето претставници на силниот пол, за кои е поинтересно да го набљудуваат изразот на наслада на лицето на партнерката, движењата на нејзиното тело породени од сексуалната возбуда и многу други сигнали на лицето и телото, кои се знак за комплетно уживање на жената по време на сексот.

Косата и шминката немаат никаква вредност за мажите во кревет. Сексуално привлечните жени не се суетни, а мажите ги предпочитаат игриви и рошави повеќе отколку скоцкани и вештачки.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...