Веројатно сте забележале досега како понекогаш зборувате сами со себе, но не сте сигурни дали тоа е добра работа или не… Во едно истражување, психолозите објасниле дека е корисно, и дека е карактеристика на интелигентните луѓе.
На пример, Алберт Ајнштајн наводно често повторувал некои реченици многу тивко. Ако зборувате сами со себе, тоа покажува дека сте полни со самодоверба, дека имате искуство во животот и свесни сте дека можете да сметате на себе кога ќе дојде време да разберете што е најдобро за вас. Според психолозите, ова се придобивките од разговорот со себе:
Мозокот работи подобро
Во еден експеримент, психолозите побарале од 20 волонтери да одат во супермаркет. Тие им навеле што треба да купат. Во првиот дел од експериментот учесниците биле обврзани да ја завршат задачата во тишина, додека во вториот дел гласно повторувале што треба да купат. На крајот, оние што повторувале гласно, можеле да запомнат повеќе намирници. Психолозите велат дека овој метод помага само доколку се работи за предмети кои се познати од порано. На пример, знаете дека бананата е жолта и има одредена форма, а повторувањето ја активира визуелизацијата во мозокот. Но, ако повторите нешто што не можете ни да го замислите, тогаш тоа може само да ве забави и збуни.
Мислите се организирани
Гласното зборување со себе помага да се организираат измешаните мисли во вашата глава. Ако ги кажувате вашите проблеми гласно и се слушате себеси – тоа ќе ви ги смири нервите, тврдат психолозите. Исто така, тоа помага при донесување важни и тешки одлуки или разјаснување на некоја проблематична ситуација во животот.
Полесно е да се стигне до целта
Правењето листа со цели во обидот да се постигнат истите, може да биде тежок предизвик. Многу подобар метод е тивко повторување. Така, патот до нив ќе биде полесен, помирен, а помалку ќе се плашите кога ќе наидете на проблем. Психолозите велат дека повторувањето на глас ви помага подобро да се фокусирате на целта, подобро да ги контролирате емоциите и полесно да продолжите понатаму кога ќе наидете на пречка.