Што им се случува на бактериите, ако облеката ја переме на 30 или 40 степени?

Микробиолозите советуваат облеката да се пере на најмалку 60 ° C, што е особено точно за детската облека бидејќи децата се почувствителни и нивниот имунитет не е секогаш целосно развиен.
Иако перењето облека на пониски температури може да изгледа како добра идеја, но и попријатна за животната средина, некои истражувања ја побиле идејата и велат дека алиштата сепак треба да се мијат на малку повисоки температури.


Според истражувачите, облеката што се мие на ниски температури може да пренесе бактерии како што е Ешерихија коли, која живее на нашата кожа и во телото, на температура од 37 ° С. Ова значи дека ниската температура од 30 ° C нема да ги убие.
Од таа причина, микробиолозите советуваат облеката да се пере на најмалку 60 ° C, што е особено точно за детската облека бидејќи децата се почувствителни и нивниот имунитет не е секогаш целосно развиен. Но, истото важи и за долна облека, како и постелнина и крпи.
И за да бидете сигурни дека ќе се ослободите од сите бактерии со миење, експертите ве советуваат повремено да „sвртите“ празен барабан во машината. Празен барабан, вклучете ја највисоката температура, на 90 ° C степени, за да се ослободите од сите бактерии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.