Овошјето и зеленчукот се суштински дел од здравата исхрана, ни обезбедуваат доволно витамини, минерали и влакна без внес на многу калории, заситени масти или натриум.
Според Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), многу луѓе прават голема грешка со овошјето и зеленчукот, грешка која може да ги доведе во опасност.
„Иако во желбата да уживате во одредено овошје и зеленчук, лупењето пред да го измиете е лоша идеја“, велат тие од ЦДЦ.
Кога лупите зеленчук или овошје што не сте го измиле, можете да ги пренесете бактериите од надворешната страна на пплодот директно во внатрешноста што ќе ја јадете.
Доколку излупите овошје пред да го измиете, може да го зголемите ризикот од внесување храна што е контаминирана со бактерии, што може сериозно да ве разболи.
Иако американската администрација за храна и лекови (ФДА) препорачува миење на производи со проточна вода и чистење на овошје и зеленчук пред консумирање, постојат одредени методи за чистење кои ви прават повеќе штета отколку добро.
„Овошјето и зеленчукот се порозни и и покрај темелното плакнење лесно можат да апсорбираат сапун и детергенти, што потоа може да предизвика гадење. Затоа, никогаш не мијте овошје и зеленчук со сапун или детергент“, предупредува ФДА.
Дури и ако добро сте исчистиле парче од плодот, експертите велат дека има делови од тоа овошје и зеленчук што сепак треба да ги избегнувате.
И ЦДЦ и ФДА препорачуваат да ги отсечете сите делови од овошјето или зеленчукот што се чини дека ја смениле бојата или биле инаку оштетени.
„Дамките и исекотините можат да дозволат патогени микроорганизми да влезат во овошјето или зеленчукот, а оштетените плодови обично се расипуваат побрзо“, објасни Ребека Дитмар, координаторка на Програмата за управување со безбедноста на храната при Универзитетот во Тексас.